Фетел “паметно“ излетал во Баку

Себастијан Фетел се пошегува дека паметно излетал на квалификациите во Баку и заврши на деветта позиција.

Тој излета во бариерата во 15от свиок во вториот квалификациски дел откако неговиот колега Ленс Строл имаше слично излетување,  но со поголема штета на крајот од првите 18 минути.

Четирикратниот шампион имаше второ влегување во К3 на досегашните трки откако стартуваше од деветта позиција и во Монако.

Мислам дека беше тешко бидејќи сите бевме на лимитот. Ми се допаѓа патеката и Квалификациите се доста интересни бидејќи сите сакаат да извлечат максимум.

Имаше многу застанувања и сите сакавме што повеќе, а јас имав лош момент во 15от свиок. Се прашував што може да направам и со мала брзина удрив во бариерата. Мислам дека паметно удрив – посочи себ.

Германецот се шегуваше на интервјуто и побара повеќе пријатели кои можеле да го повлечат.

Беше тесно и се надевав дека ќе ме повлечат. Потребни ми се пријатели, Но среќен сум со кругот и имав само еден сет гуми. Ги искористивме и имавме добра сесија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ