Фетел предупреден поради својата маичка

Четири возачи, вклучувајќи го и Себастијан Фетел, беа предупредени откако не ги извадија своите маички пред интонирањето на химната на Унгарија на трката во Недела. 

Фетел, Ботас, Саинз и Строл беа повикани кај стујардите поради прекршување на процедурата пред трката. Иако имале правило за отстранување на маиците тие не ги отстраниле. 

Фетел носеше маица во боите на виножитото откако претходно носеше слични патки како порака против новиот анти-ЛГБТ закон во Унгарија. Германецот не ја замени својата маица додека Строл, Ботас и Саинз ги задржале своите We Race As One маици. Возачите тврделе дека не ги извадиле своите маици поради заканата од дожд. 

Слушнав дека ме повикале поради тоа што ја носев мојата маица за време на националната химна. Ќе бидам среќен ако ме дисквалификуваат. Може да прават што сакаат не ми е гајле. Пак би го направил истото – незасегнат беше себ.

Победникот на трката Естебан Окон доби предупредување бидејќи не го паркираше својот болид во парк ферме. На сослушувањето Окон објасни дека го пропуштил влезот во боксот и најдобро било да застане на излезот од боксот. Тој се извини и потврди дека ќе внимава во иднина. Според стујардите ова не е прекршувње на парк ферме правилата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ