Фетел: Претпочитам да се тркам во Батхурст наместо во Вегас

Себастијан Фетел изјави дека претпочита да се трка на легендарниот австралиски Бархурст на Монт Панорама одошто на нови улични патеки како Лас Вегас.

Спортот неодамна потврди дека Лас Вегас ќе биде целосно нов настан во календарот следната година и истиот ќе биде природаден на Мајами и Остин, две трки во САД кои веќе се одржуваат. Патеката низ коцкарската престолнина ќе биде направена низ центарот на градот, познатиот Стрип и ќе минува пред сите познати казина.

претпочитам да се тркам на батхурст. можеме да се тркаме во вегас, да ги земеме парите кои се ставаат пред нас и да ги инвестираме во фантастични патеки кои веќе постојат. тоа ќе биде огромен предизвик затоа што батхурст е монструозна патека. никогаш не сум ја возел, но сигурно еден дек ќе ја возам – најави четирикратниот првак.

На патеката на Монт Панорама во моментов темелно се работи со цел да се обезбеди највисока оценка од страна на ФИА, со цел да може да се организираат буквално сите настани затоа што во моментов патеката има оценка 3.

сум бил во вегас и искрено не ми се допадна, премногу е гужва и многу луѓе се однесуваат лошо и како “пуштени од ланец“. немам ништо против такво однесување, но некогаш е премногу. вегас е некако центар за луѓе кои немаат контрола врз себе и тоа повеќе не е смешно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ