Фетел призна дека добил совет од Екслтон

Себастијан Фетел призна дека бил советуван лично од Берни Еклстон, а во врска со трансферот во Астон Мартин и тоа му помогнало и му ја олеснило работата.

Господин Е самиот тврди дека го притиснал газдата Лоренс Строл да го донесе Себастијан Фетел во тимот. Во последните денови, Герхард Бергер изјави дека Фетел е заинтересиран за комбинирање на Формула 1 со трки во ДТМ, но густиот распоред следната сезона тешко да му го дозволи тоа.

Вистина е дека зборував со двајцата и со некои други луѓе. Некои ги сметам за пријатели и побарав совет. Берни не ми побара провизија и знам дека не сакаше да земе пари од мене – се пошегува Фетел. 

За комбинирање на Формула 1 со германски ДТМ Фетел изјави:

Во минатото беше можно,м но сега не. Заинтересиран сум, но на календарот има 23 трки и нема да биде лесно и затоа е нереално.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ