Фетел размислува за Мекларен во 2021 година?

Себастијан Фетел наводно контактирал со Мекларен околу возачко место со тимот од Вокинг во 2021 година, според медиумски извори од Шпанија.

Шпекулациите околу пазарот на возачи започнува многу порано секоја измината година, а шпанска Marca започна уште порано, тврдејќи дека Фетел наводно исконтактирал со тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, околу возачко место во портокаловите болиди во иднина.

Неоснованата логика позади тврдењето е фактот што Фетел и Сеидл се знаат многу добро, нивното пријателство и комуникација започнува во 2006 година, кога Фетел тестираше за БМВ Заубер, додека Сеидл работеше во Хинвил. Двајцата очигледно останале во комуникација од тогаш, а можноста да се приклучи на екипа која е во раст, придвижувана со мотор на Мерцедес во 2021 година, може да биде примамлива за Фетел.

Без разлика, во случајот Фетел да пристигне во Вокинг, тоа ќе значи заминување за Карлос Саинз или Ландо Норис, но и некое друго неочекувано сценарио, но следува уште. Marca исто така пренесуваат дека Даниел Рикардо, несигурен околу иднината на Рено во Формула 1, можеби исто така покажал интерес кон Мекларен.

Додека сите шпекулираат околу иднината на Фетел, можеби најреална прогноза за возачот на Ферари пристигнува од поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстон.

Од скоро, не ја забележувам неговата желба да направи се за да победи. Би рекол дека тој ќе си замине по 2020 година. Но тој ќе ја донесе правилната одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ