Фетел: Рекордот за најмлад шампион не е важен

Себастијан Фетел сеуште го држи рекордот за најмлад освојувач на шампионска титула, но за него тоа не е важно бидејќи негова цел е повторно да го освои првенството.

Со 32 години тој сеуште го има рекордот за најмлад возач што освоил титула во Формула 1. Тој беше и најмлад освојувач на пол позиција за подоцна тој рекорд да му припадне на Макс Верстапен.

На 23 години и 134 денови, Фетел ја освои својата прва титула кај возачите во 2010 година со Ред Бул.

Мислам дека тоа што бев најмлад не е важно. Мислам само на освојување на шампионатот и тоа е тоа што сакам да го направам. Очигледно сите сакаме да се натпреваруваме на чело на колоната – појасни себ.

Десет години откако ја освои својата прва титула, возачот на Ферари сега размислува за иднината и не само со Ферари. Неговиот договор истекува на крајот од оваа година, а се појавија гласини дека добил понуда за едногодишен договор со намалена плата.

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон го советува Фетел да си замине од Ферари во Мекларен или да ја напушти Форула 1, но германецот сеуште го сака Ф1 болидот.

Ја сакам брзината и Заљубен сум во болидот. Пробав многу работи, но ништо не ме возбудува како ставањето на кацигата и влегувањето во болидот.

Возењето на Формула 1 е нешто што сакате да го правите цело време. Не сум сигурен дека би се насмеал во некој друг болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ