Фетел сакал да купи Ферари Ф2004, ама било прескапо

Себастијан Фетел откри дека се обидел да купи Ферари Ф2004 за неговата колекција, но признава дека било премногу скапо, дури и за него.

Ф2004 го одведе Михаел Шумахер до седмата, рекордна и последна шампионска титула во 2004 година, а германецот победи на 13 од вкуоно 18 трки таа сезона. Непосредно пред почетокот на Тосканското Гранд При беше откриен болидот, возен од Мик Шумахер како дел од прославата за јубилејната трка на Ферари. 

Ова е мој омилен болид. Ако погледнете кон болидите сега, тие се поголеми. Очигледно имаме повеќе потисна сила, но овој болид е 170 килограми полесен, тоа е голема разлика.

Имаше сличен ваков болид на продажба, не истиот, ама иста година, но беше премногу скап. Ова е неверојатен болид – воодушевен од креацијата од маранело е германецот.

Еден ваков Ф2004 беше продаден за рекордни 2.7 милиони евра на аукција на патеката Фиорано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ