Фетел сака повеќе свиоци под агол

Себастијан Фетел смета дека на повеќе патеки во Формула 1 им се потребни свиоци под агол, бидејќи тоа го прави возењето и тркањето повозбудливо и дозволува повеќе линии на движење.

На Муџело, во првиот свиок под агол, болидите може да поминат еден покрај друг, а од надворешна страна видовме повеќе претекнувања. Фетел ги пофали карактеристиките на Муџело и ја истакна својата поддршка за повеќе свиоци под агол, во споредба со повеќе модерни патеки.

Како возач, сакате свиоци под агол, а мразите такви со агол кон надворешната страна. Оваа патека не е дизајнирана од Херман Тилкер, затоа и нема толку несакани свиоци. Нормално причина за таков дизајн е истекувањето на водата, но мислам дека има и други решенија. 

Поради тоа, секогаш ќе сакам такви свиоци под агол, бидејќи водат до повеќе грип. Се е повозбудливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ