Фетел: Сена е најголемата легенда во Формула 1

Себастијан Фетел често е поврзан со пофалби за Михаел Шумахер во Формула 1, но возачот на Ферари откри дека Аиртон Сена играл еднаква улога во поттикнување на неговата љубов кон спортот.

Постигнувањата на Шумахер во 1990тите и 2000тите години оставиле големи импресии над младиот Фетел, но германецот го истакна Сена како возач во Формула 1 кој оставил највпечатлив траг зад себе.

Тешко е да го изберете првиот спомен, но првите слики кои јас ги гледам, а кои беа поврзани со Формула 1, беше кога тој се тркаше во Бразил и победи. Иако имаше проблеми со болидот, тој беше преморен, одвај го крена трофејот на подиумот.

Сликите од болидот на Марлборо, беа иконски. Мојот татко беше голем фан на Аиртон Сена и тоа беше една од причините, сакате да ги следите своите родители, а јас во тој период ја следев Формула 1.

За мене, тој беше прва личност која ја поврзав со Формула 1. Мислам дека неговото наследство е најголемото и највредното во спортот. Си замина прерано. Имаше уште многу од него во што можевме да уживаме, најверојатно и надвор од болидот – смета фетел.

Иако Сена беше немилосрден на патеката, тој се памети исто така и за неговиот хуманитарен карактер, квалитет кој Фетел го почитува бескрајно.

Неговиот успех не остави најголем впечаток, туку неговиот карактер и личност. Тој имаше неверојатен талент во болидот, но во исто време беше приземјен човек. Тој став го имаше и во болидот и тоа го направи подобар од сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ