Фетел: Се чувствував како петгодишно дете кога го возев болидот на Мансел

Себастијан Фетел го купи познатиот болид со црвен број 5 на Најџл Мансел уште во 2020 година, но немаше шанса да го вози до неодамна кога ги изведе првите кругови пред трката во Силверстон.

На демонстрацијата, Фетел заврши неколку кругови во ФВ14Б за да одбележи 30 години од победата на Мансел на Британското Гранд При и шампионатот таа година, како и прикажување на јаглеродно неутрално гориво што се користеше за напојување на историскиот болид.

Фетел го паркираше болидот на главниот правец на Силверстон откако ги заврши круговите и брзо беше поздравен од Најџел Мансел. Голем број Формула 1 возачи, вклучувајќи ги Луис Хамилтон, Мик Шумахер и Џорџ Расел дојдоа да разговараат со Фетел за возењето и да го погледнат болидот, исто како и шефот на Формула 1 Стефано Доменикали и претседателот на ФИА, Мохамемд Бен Сулејем. Запрашан од Motorsport.com за возењето, Фетел рече:

Беше многу посебно, посебно беше и тоа што и тој беше таму и ме чекаше на крајот. Повторно се чувствував како петгодишно дете, бидејќи звукот, сè, се што ме врати пред 30 години.

Да го направиме тоа на начин како што го направивме со јаглеродно неутрални горива и да се обидеме да ги покажеме емоциите може да биде одлично, но да можеме да го направиме тоа на поодговорен начин, ми беше многу важно.

Кога дојдов до идејата, пред 30 години Најџел го освои гран при-то овде, очигледно го добив болидот од тоа време, токму тој болид, но не сакав да го сторам тоа и само да трошам ресурси и помислив на подобар начин за тоа.

Значи, многу сум горд што се собравме и добив шанса. Тоа беше дури и на мојот роденден, што во моментот не го сфатив – посочи четирикратниот формула 1 првак.

Употребата на јаглеродно неутрални горива беше дел од иницијативата “Тркање Без Трага“, чиешто брендирање се појави на прилагодениот тркачки костум на Фетел за возењето и на самиот болид. Фетел беше најгласниот член на Ф1 гридот кога станува збор за еколошките прашања, нагласувајќи ја потребата од поголема одржливост во иднина.

Ф1 планира да се префрли на целосно одржливи горива во рамките на следната генерација на енергетски единици што треба да бидат претставени во 2026 година, но Фетел додаде дека нема време за губење.

Воведувањето е планирано за 2026 година – рече Фетел.

Разбирам дека не сите лесно се согласуваат да го сменат тоа порано, но на крајот веројатно тоа е вистинскиот повик, тоа треба да се направи порано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ