Фетел: Славевме, но повторно сум фокусиран

Себастијан Фетел откри дека е целосно фокусиран да ја продолжи добрата серија за Астон Мартин и претсојниот тркачки викенд во Франциј откако на претходната трка во Азербејџан стигна до подиум.

Германецот имаше неубедлив старт на престојот во Силверстон, но во Монако беше одличен со 5то место, а подоа следуваше и подиумот освоен низ улиците на Баку. Прашање е дали екипата ќе може да остане конкурентна и на традиционална патека како Пол Рикар, но Себ е оптимист.

Во пресрет на тркачкиот викенд, четирикраниот шампион призна дека имал време да ужива во успехот, но дека повторно е целосно фокусиран на работата.

доаѓаме на ле кастеле многу мотивирани по успехот кој го постигнавме во баку, имаше време за славење, но сега сме целосно фокусирани на задржување на моментумот во франција.

донесовме одлични поени од монако и од азербејџан и треба да продолжиме со формата и резултатите во многу тесната борба во средината од поредокот – посака себ.

Ленс Строл исто така беше на пат до одличен резултат во Баку, имапше многу долга прва серија пред да му окаже заднава лева гума и да заврши во оградата. И тој гледа на 2то место на Фетел како на силен резултат за екипата.

мојата трка во баку заврши разочарувачки, но екипата може да биде позитивна и задоволна од перформансите и подиумот кој себ ни го даде. решен сум да се вратам силен во франција на пол рикар која е одлична патека во која има се што му треба на модерен формула 1 болид. очекувам амр21 да биде одличен таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ