Фетел: Со повеќе трки се губи посебноста

Себастијан Фетел верува дека Формула 1 ризикува да го загуби специјалниот статус со зголемувањето на бројот на трките. 

Тркачката серија го објави календарот за наредната година на кој има 23 трки што е рекорд. Тоа наиде на различен прием и додека некои сметаат дека персоналот ќе биде истоштен, додека велат дека се е по планот. 

Се очекува бројот на трките да расте и да стигне до 25, максималниот број согласно Конкорд договорот, на што Фетел не се согласува. Тој смета дека персоналот ќе се премори и Гран При настаните ќе ја загубат посебноста доколку пречесто се случуваат. 

Мислам дека Формула 1 е во транзициска фаза споредено со претходно. Претходно немаше толку тестови, а сега има повеќе и повеќе трки. Ова е мое мислење и не вреди ништо, но мислам дека не треба да имаме премногу трки.

Доколку има премногу трки, луѓето не знам дали ќе сакаат да ги гледаат. Нема да има ништо специјално.

Ние возачите гледаме на добрите работи. Доаѓаме во сред попладне, доколку имаме лет и заминуваме во недела, Но тимот е под поголем стрес. Доаѓаат во понеделник да ја подготват гаражата и болидите. Подоцна мора да спакуваат се и да пратат во фабриката. За нив е работа во текот на целата недела и немаат време за себе.

мислам дека се заборава тој момент во животот и животото не му припаѓа на работодавачот. Знам дека не ми е сфера на влијание, Но имаме и други интереси. Мора да се најде баланс помеѓу нивните животи и времето поминато на пат. Не треба да се исцрпи целата страст за две три години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ