Фетел со помешани чувства околу рекордите кои ги руши Хамилтон

Луис Хамилтон е на пат да го надмине рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа, а Себастијан Фетел има помешани чувства околу сето тоа.

Хамилтон е на само една победа да се изедначи со Шумахер на 91 вкупно, а со толку доминантен болид, најверојатно британецот ќе постави нов рекорд до крајот на сезоната. Иако Фетел вели дека би бил среќен за Хамилтон, тој признава дека боли што рекордот ќе биде одземен од неговиот идол, Михаел Шумахер.

Тоа секогаш изгледаше како бројка која е недостижна. Сега, гледајќи кон последните неколку години и рекордот во трки на Луис, тој е се поблиску и поблиску и најверојатно е прашање на време кога ќе го стигне и надмине тој рекорд.

Од една страна, ќе бидам тажен, бидејќи Михаел е сеуште мојот херој. Од друга страна, среќен сум за Луис. Тој го заслужува сиот успех кој го имаше низ годините и кој ќе го има и годинава. Не знам дали ќе остане во Формула 1, но претпоставувам, во следните неколку години. 

Помешани чувства. За мене, очигледно, јас сум далеку од тоа – реален е себастијан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ