Фетел среќен што се извртел само еднаш

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, не е задоволен од перформансите на СФ1000 болидот и изјави дека е среќен што се извртел само еднаш. 

Ова беше тежок викенд за Ферари и Фетел, особено откако германецот не влезе во последниот квалификациски сегмнт, стартуваше од 11та позиција, со слободен избор на гуми, но тоа не му помогна многу.

Во хаотичната трка, неговиот колега Леклер дојде до втора позиција и подиум за Ферари, но Фетел имаше близок контакт и извртување со неговата замена од наредната година Карлос Саинз од Мекларен.

Да бидам искрен добро е што се извртев само еднаш. Беше тесно и мислам дека беше Карлос или еден од мекларените и се извртев, но можеше тоа да се случи неколку пати. На крајот беше малку поинтересно, но ова не беше резултатот кој го очекував – искрен е себ. 

И покрај подиумот на Леклер, Матиа Биното жали за резултатот овој викенд. Нови надградби најави за наредната трка исто во Австрија иако претходно зборувше дека тоа ќе се случи во Унгарија. 

Среќни сме со подиумот, но не и со перформансите. Вчера беше лошо и по такви квалификации не очекуваш добра трка, Но среќен сум со резултатот иако сме во лоша ситуација.

тимот е обединет и горд сум на тоа. Ќе ги анализираме податоците и наредната недела ќе донесеме надградби. Без да ја гледаме минатата година и губењето седум до осум десетинки на правците сум разочаран. Перформансите на моторот не го испорачаа тоа што бараме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ