Фетел: Ферари ме искористи како кочница

Себастијан Фетел беше фрустриран на Руското Гранд При откако беше искористен како кочница за да му помогне на Шарл Леклер во што подобар пласман за тимот.

Во трката во која Леклер напредуваше добро и покажа силни перформанси, влегувањето на Фетел во боксот беше одложено со цел тој да ги задржи возачите на Рено против кои Леклер имаше директен дуел. На крајот, Леклер ги раздели “французите“ со пласман на 6то место, додека Фетел ја заврши својата трка на разочарувачко 13то место, повторно надвор од поени.

Беше помалку досадна трка и немавме многу опции од страна на стратегијата. Мојот старт, од нечистата страна на патеката, не беше идеален и не добив ништо од инцидентите на другите. Се обидов се што можам, но не успеав да напредувам во првиот круг. Немав чиста патека пред мене, тоа е штета. 

По безбедносното возило бев заглавен и се мачев да бидам блиску до тие пред мене. Потоа заглавив во бавна група на задниот дел и тоа беше крајот. До влегувањето во бокс јас бев кочница за тимот, Потоа ништо не остана. Беше јасно дека бев оставен за да ги забавам Рено. Тоа не ми помогна на мене секако – објасни себ по трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ