Фетел: Ја разбирам одлуката на Ферари

Себастијан Фетел повтори дека цеосно ја прифаќа одлуката на Ферари да не ја продолжи соработката со него по шест години во Формула 1 во Маранело.

Четирикратниот првак беше информиран од екипата дека нема да му го продолжат договорот уште пред минатата сезона да почне, а потоа германецот се согласи да вози за Астон Мартин.

Запрашан дали разбира зошто Матиа Биното и Ферари одлучиле да не продолжат со него, четирикратниот првак смета дека анализа на одлуката нема да промени ништо.

да бидам искрен, немам потреба да ја разбирам одлуката на ферари и нема д промени ништо. не гледам на тоа на тој начин, јас не работам така. добро е што ја прифатив во целост и кога матиа ми кажа на телефон беше јасно дека нема потреба да се борам за да го разубедувам во било што.

сметам дека кога една врата ќе се затвори, друга се отвора и јасно е дека ми требаше време да најдам друга врата, но ја најдов. немав можност да бирам и поставувам услови, но одбрав тоа што сакав да го правам, сакав да останам во спортот и останав.

По четири еднопоруго двојни титули со Ред Бул, Себастијан мина година во која загуби од својот тогашен колега, Даниел Рикардо, по што замина во Ферари во 2015 година со цел да го повтори успехот на својот идол, Михаел Шумахер. Црвениот барон освои пет наслови со Скудерија, а Себ не успеа да стигне до ниту еден и свесен е дека тој неуспех ќе го носи со себе цел живот.

освојување титула беше многу важно за мене и навистина ќе ми недостасува тоа што не ја исполнив таа цел, но сигурен сум дека да бидам фрустриран до крајот на животот. мислам дека се се случува со некаква причина, добрите и лошите работи, а минатите шест години во однос на перформансите и се останато, научив навистина многу.

мислам дека се што направив ќе ми помогне во животот и надвор од формула 1 во врска со себе и луѓето. дефинитивно сум убеден дека сум побогат одошто претходно и не мислам финансиски или број на победи, но побогат со искуство и работи кои ми помагаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ