Фетел: Ќе биде штета ако се откажеме

Себастијан Фетел смета дека би било штета и пропуштена можност дококлу Астон Мартин целосно се откаже од оваа сезона само за да се фокусира на болидот за 2022 година.

Четирикратниот првак додје во Астон во пресрет на сезоната по шест години минати во Ферари, а како колега на Ленс Строл. Германецот се надеваше да ја врати формата по која беше препознатлив, но по првите три трки нема освоено поени.

Астон од своја страна се мачат со својот АМР21 болид по промените во задниот дел за оваа сезона кои донесоа голем губиок на нивниот пакет со мала накосеност. Но, тој е решен да продолжи да работи на овогодинешниот болид и смета дека екипата не треба да се откажува од сезоната.

не мислам дека треба да се откажеме, не сега, но општо во животот, мислам дека има некои работи на кои не се надевате, а кои може многу да ви помогнат. има многу работи кои можеме да ги начиме и подобро да го разбереме пакетот и ќе потрошиме многу добра можност ако се откажеме.

прашање е како се мери пропуштената можност, дали во поени и подиуми или пак во нешто друго.

за нас како екипа, знаеме дека има некои мали работи кои можеме да ги подобриме, но на крајот секогаш малите работи носат промени кои водат до совршенство. иако не се тркаме за победи, мислам дека добро и користно го трошиме времето – смета себ.

Откако неговиот колега Строл возеше со новини на Портимао, викендов и Себастија ќе го добие новиот ародинамички пакет за кој се верува дека носи повеќе грип.

крајна цел е да имаме колку што можеме повеќе грип. ако ги анализирате болидите кои се побрзи од нас, такви се затоа што имаат повеќе грип. се обидуваме д испегламе колку што можеме повеќе од слабостите и да работиме на сетирањето на болидот. новините не може сами по себе да решат се, го знаеме тоа, но можеме да поправиме.

подобрувањата се нормален процес и мислам дека дури и побрзите болиди имаат слаби страни и екипите се обидуваат д ги отстранат истите. од наша гледна точка, веројано немаме толку грип колку што сакаме, но тоа е вообичаено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ