ФИА воведе промени на стартните позиции во Австралија

По скорешните проблеми со позиционирањето на возачите кои се редат во нивните грид места пред стартот на трката, ФИА воведи промена веќе од Гранд При на Австралија викендов.

Федерацијата направи промени во големината на местата пред Австралиското Гранд При, по казните за возачите кои неправилно беа наредени на воведните трки од сезоната. Естебан Окон беше погоден со казна од пет секунди на Големата Награда на Бахреин бидејќи беше надвор од позиција во неговото грид место. На следниот настан во Саудиска Арабија, Фернандо Алонсо доби иста казна за истиот прекршок.

Како резултат на ова, портпаролот на ФИА изјави дека грид местата сега ќе бидат 20 саннтиметри пошироки во Мелбурн. Дополнително, ќе има и централна линија која ќе го води возачот каде да го паркира носот на болидот.

Сликата подолу го прикажува новиот грид во Австралија со изменетото грид место.

По неговата казна поради тоа што беше надвор од позиција во Бахреин, Окон откри дека разговарал со ФИА за да ја разјасни причината за неговата казна. Возачот на Алпин навести и проблеми со видливоста предизвикани од новата генерација на Формула 1 болиди.

Во основа бев премногу десно, така што тоа стана збунувачки, бидејќи беше премногу десно и преку линијата – изјави Окон.

За жал, не можете да гледате многу добро во овие болиди, особено не кога на гридот. Може да ја видите жолтата линија како референца, но од мене зависи да го поправам тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ