ФИА ги финализираше правилата за дводневниот викенд на Имола

Светскиот Мотор Спорт Совет на ФИА ги одобри промените во спортската регулатива за првиот дводневен тркачки викенд на Имола.

Повеќето од промените се поврзани со тајмингот на распоредот кој мораше да се промени. Единствената тренинг сесија во Сабота наутро ќе трае 90 минути и ќе се случи 2 и пол часа пред квалификациите. Ќе има две брифинг сесии за возачите, првата во Петок попладне, најмногу за дискутирање околу трката во Портимао.

Сепак, бидејќи нема да има возење, вториот состанок е додаден по паузата за ручек во Сабота, за возачите да го споделат мислењето за патеката помеѓу тренингот и квалификациите. Правилата за забрана за промени се подесени со цел да има само еден ограничен период, во Петок ноќта, наместо два. Правилата според кои се менува шасијата по Т3 се променети со Т1. 

Поради недостаток на возење во Петок, секој возач ќе има 10 наместо 13 сета на пневматици, односно два сета на хард, два на медиум и шест на софт. Три од тие сета ќе се вратат по Т1. Директорот за трки на ФИА, Мајкл Маси, веќе во Портимао призна дека било потребно многу работа за да се прилагоди новиот формат.

Спортската регулатива за дводневен викенд е финализирана преку Светскиот Мотор Спорт Совет. Беа потребни многу промени за да се организира ваков настан. Се е збиено, бидејќи се што се случува во Петок е отстрането. Дури и некои елементи како брифинг на возачите е променет, кој нормално се случува по првиот тренинг. 

Ќе има брифинг на некој начин во Петок навечер, на кој ќе се дискутира за овој настан или други теми. По првиот тренинг ќе има уште една дискусија насочена кон патеката.

Ќе биде интересно да се следи и на некој начин одвај чекам на тоа. Откако зборев со некои тимски шефови и тие се заинтересирани. Ова е малку поинакво нешто – најави маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ