ФИА го менува начинот на освојување поени на супер лиценцата

ФИА потврди дека ќе го промени начинот на освојување поени на супер лиценцата, поени потребни за да се дојде до Формула 1, а промената е направена за време на третиот состанок на Светскиот Мотор Спорт Совет оваа година.

Досегашното правило беше дека во период од три години, возачите мора да имаат собрано 40 поени на својата супер лиценца за да имаат дозвола да се тркаат во Формула 1, но проблемите кои ги донесе пандемијата донесе многу одложени и откажани тркачки серии.

Во иднина возач ќе има четири години да стигне до неопходните резултати за да освојува поени на супер лиценцата, но трите најуспешни години од последните четири ќе бидат земени во предвид.

во екот н сегашната глобална ситуација, периодот во кој возачите ќе може да освојуваат поени на супер лиценцата е продолжен од три години на четири години. најголемиот број собрани поени во три од последните четири години ќе се земат во предвид – гласи официјалното соопштенит од фиа.

Исто така, ФИА во иднина ќе им дозволи на возачите да се жалат доколку не стигнат до потребниот број поени поради услови кои не биле под нивно влијание.

возачите кои не ги собрале потребните 40 поени на супер лиценцата поради услови навор од нивна контрола ќе имаат можност да го презентираат својот случај пред фиа.

На супер лиценцата на секој возач треба да има 40 поени за да се трка во Формула 1, но само 25 поени се доволни. за да вози на тренинг сесија на Гранд При викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ