ФИА го објави извештајот за инцидентот со кранот во Јапонија

ФИА ја заврши истрагата за тајмингот и употребата на трактори за отстранување на болиди од патекат за време на Јапонското Гранд При и откри дека за тоа се виновни процедуралните проблеми.

По извртувањето и сударот во воведниот круг на Карлос Саинз на шнолата во Сузука, редарите испратија трактор за отстранување на запрениот болид на патеката за да помогне во извлекувањето.

Со сè уште свежи сеќавањата за инцидентот на Јапонското Гранд При во 2014 година, каде Жил Бјанки претрпе повреди на кои подоцна ќе им подлегне откако удри во сличен трактор во просторот за излетување, имаше голема нелагодност во падокот за тоа што се случи. Голем број возачи ја изразија својата загриженост поради тоа што тракторот е таму додека обиколуваа зад безбедносното возило, додека возачот на АлфаТаури, Пјер Гасли, кој помина во тој дел од патеката со многу голема брзина, беше бесен на опасната ситуација.

По состанокот на Светскиот совет за моторспортови во Лондон во Среда, ФИА откри дека презела темелна анализа на инцидентите што се случија во Сузука. Во кусото соопштение се вели:

Идентификувани се процедурални проблеми и ќе бидат корегирани на краток и среден рок. Наодите ќе бидат јавно објавени во наредните денови.

Еден од клучните аспекти на истрагата најверојатно ќе биде дали редарите покрај патеката делувале индивидуално кога го испратиле тракторот толку брзо или биле овластени да го сторат тоа од контролата на трката. Членот 2.6.1 од Меѓународниот спортски кодекс со кој се водат сите настани на ФИА, јасно вели дека ниту еден редар или возило не смее да влезе на патеката без дозвола од контролата на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ