ФИА го прифати извинувањето на Хорнер

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, доби само опомена од ФИА за коментарот што го даде пред трката во Катар.

Макс Верстапен доби казна од пет места на гридот пред трката во Лосаил поради непочитување на двојните жолти знамиња на квалификациите. Хорнер критикуваше извесен непослушен маршал и поради тој коментар тој беше повикан кај стујардите за прекршок на спортскиот правилник.

Хорнер по трката изјави дека реакцијата била нервозна откако дознал за казната на Верстапен. Стујардите објаснија дека маршалот си ја работел работата според правилникот.

Хорнер се извини на маршалот и потенцираше дека не мислел ништо лошо. Тој исто така се понуди да биде дел од интернационалната програма на стујарди во февруари 2022 година и стујардите ја прифатија неговата понуда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ