ФИА дава зелено светло за нов производител другата недела ?

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, ги подгреа шпекулациите дека следната недела може да се откријат детали за влез на нов производител во спортот од 2026 година и новите правила за моторите.

Во моментов е на сила замрзнување на развојот на актуелните агрегати, а целта од 2026 година е моторите да бидат поефтини и порелевантни за секојдневниот живот. Рамката за новата регулатива е одобрена во Август и се чека изразување на интерес и вклучување на повеќе компании во спортот.

По официјалната потврда од Ауди дека ќе влезат како нов производител во спорот и најавувањето на соработка со Заубер преку купување на дел од Формула 1 екипата, се очекува и друг нов “моторџија“.

за многу кусо, можеби уште следната недела, нов производител може да потпише договор и да се обврзе дека ќе учествува во спортот согласно новите правила од 2026 година – најави саудиецот за германски Auto Motor und Sport.

Паралелно со најавите за влез на Ауди, се најавуваше и Порше како втор бренд од Фолксваген групацијата кој сака влез во елитата, но преговорите на Ред Бул со Порше пропаднаа.

Се споменува дека и Хонда бара начин официјално да се врати во спортот откако претходно на крајот на 2021 година се откажаа од серијата, додека се почесто се споменуваат и јужнокрејанците од Хјундаи кои го донесоа Сирил Абитебул на чело на својата тркачка програма.

Џенерал Моторс преку својот бренд Кадилак почна соработка со Андрети Рејсинг, но шпекулациите велеа дека американците ќе земаат Рено мотор и ќе го ребрендираат, од што екипите не беа задоволни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ