ФИА забрани било какви пораки од подиумот

ФИА им забрани на возачите да носат било што на себе освен тркаките одела на подиумот откако Луис Хамилтон во Муџело носеше маичка на која имаше испишат протест против полицајците кои во Америка ја застрелале Бреона Тејлор.

Гестот на Луис доведе Федерацијата да ги ревидира насоките во врска со тоа што е дозволено на подиумот, а новите протоколи стапуваат на сила веднаш, односно од подиумот во Русија откако сите екипи беа писмено известени за тоа од страна на Мајкл Маси.

за времетраење на церемонијата на подиумот и интервјуата потоа, возачите кои завршуваат на првите три позиции мора да бидат облечени само во нивните тркаки одела закопчани до врат, не симнати до половина. исто така мора да имаат и маска на лицето без разлика дали е медицинска или брендирана од страна на тимот – гласи дополната на правилото.

Новата директива се однесува и на интервјуата по крајот на церемонијата на подиумот.

за времетраење на телевизиските интевјуа и прес конференцијата по крајот на трката, сите возачи мора да носат строго униформа од своите екипи.

Откако овогодишните церемонии не вклучуваа доделување на трофеи од страна на луѓе, тоа з прв пат ќе го видиме во Сочи, а Маси даде насоки и за тој дел.

еден човек ќе ги презентира сите трофеи, додека на подиумот ќе има уште четворица кои нема да бидат вклучени во презентацијата на трофеите. ако е понудено ракување, возачите треба љубезно да понудат поздрав со тупаница како културен гест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ