ФИА забрани било каков контакт со болидот додека служи казна

ФИА ги појасни правилата за отслужување казна на болидт во боксот по контроверзиите со Фернандо Алонсо и Астон Мартин на Саудиското Гранд При.

Нандо доби казна од 5 секунди поради несоодветно позицонирање на стартот од трката, а на крајот од истата му беше дадена и казна од 10 секунди поради тоа што, наводно, не ја одработел првата казна соодветно. Стјуардите посочија дека маханичарот кој работел со дигалката во задниот дел од болидот, го допрел истиот, но Астон Мартин подоцна поднесоа докази дека тоа не било така и казната беше повлечена, а Фернандо си го задржа подиумот.

Во пресрет на денешните тренинг сесии, ФИА објави диретива со појаснување на ситуацијата.

додека болидот е во место во боксот како резултат на отслужување на казна, не смее да биде работено над него за времетраење на казната. за дополнително појаснување, во овој контекст, физичко допирање на болидот или на возачот со рка или било каков алат за време на казна, ќе се смета за работа над болидот.

користење на вентилатори за ладење за време на казната е дозволено доколку неам физички контакт со болидот – се вели во соопштението на федерацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ