ФИА закажа состанок за потскокнувањето

Техничките шефови од Формула 1 ќе се состанат со ФИА за да најдат решение околу потскокнувањето на болидите пред трката во Британија.

Многу Формула 1 екипи се вознемирени од доцното закажување на состанокот и има мала конфузија околку бројот на учесници на состанокот. ФИА во пресрет на Канадското Гранд При донесе техничка директива околу потскокнувањето и Мерцедес веднаш тестираа нов држач на подот. Ова веднаш предизвика различни мислења во падокот и Тото Волф беше разочаран од мислењето на шефовите на тимовите во падокот за овој проблем. 

ФИА сега ќе проба да оди напред со состнаок помеѓу Николас Томбазис и техничките шефови на тимовите. Многумина се надеваат дека по состанокот ќе има подобар пристап и решение на проблемот. 

Федерацијата сака да собере информации од тимовите околу можна промена на правилата за овој проблем да не трае долго. Можеби ќе треба да се направи измена во аеродинамиката и да се направи нова суспензија или можно враќање на амортизери во спортот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ