ФИА застана во одбрана на претседателот по сексистичките коментари

ФИА излезе во одбрана на својот претседател, Мохамед Бен Сулајем, поради сексистички коментар кој го дал во 2001 година на некој архивиран вебсајт. 

61-годишниот саудиец изјавил дека жените не се попаметни од мажите. ФИА брзо се појави со изјава во која ја повтори неговата подршка на еднаквоста. 

Тој целосно ги подржува жените и еднаквоста во спортот и секогаш го правел тоа. Главен дел од неговите цели за оваа година беа еднаквоста помеѓу сите во спортот – се вели во соопштението на федерацијата. 

Ова е последната критика која доаѓа кон Бен Сулајем, откако беше критикуван за монетарната вредност на Ф1. Тој беше критикуван и за слободата на изразување на возачите во текот на тркачките викенди и недоволниот одговор кон Ф1 за тркање во земји каде не се почитуваат човековите права. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ