ФИА мора темелно да размислува за кризата

Претседателот на ФИА, Жан Тод, ги охрабри членовите на ФИА да размислуваат подлабоко и темелно да сеподготват за предизвиците по пандемијата. Во отворено писмо до членовите, тој ги ги сподели најновите податоци од ефектите на пандемијата во однос на моторспортот.

Кризата во која живееме е досега невидена, со последици кои ги почувствува целиот свет. Доведени се во прашање не само мотор спортот, туку и туризмот и многу сегменти од модерното живеење. Ковид-19 предизвикува досега невидена штета на светот каков што го знаеме. Приоритетите се менуваат – напиша французинот.

Тод е свесен дека повеќето трки ќе се одложат, но сепак и има многу други  непознаници.

Од наша страна, сакаме да презакажеме повеќе трки до крајот на година, но сепак има и многу непознати во однос на безбедноста на тимовите и фановите што е наш приоритет.

Ќе ја надминеме кризата и заедно ќе се справиме со предизвиците. Мора да се зачуваме најдобро што можеме и да ги следиме нашите вредности. Предизвикот не е залуден и од него мора да научиме и да размислуваме подлабоко. Има нови начини да се постигнат целите. Се надевам дека ќе излеземе посилни од претходно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ