ФИА најави промени на патеката во Катар

Влезот во бокс на патеката Лосаил во Катар, автодром кој годинава за прв пат ќе биде домаќин на Формула 1 трка, ќе биде драстично променет. 

Мото ГП се гости на Лосаил уште од 2004 година и нема многу авто трки на патеката во пребогатата арапска држава, патем организатор на Светското фудбалско првенство догодина. Моментално влезот во боксот е од десна страна на патеката по излезот од последниот свиок. Мајкл Маси изјави дека ќе има големи промени, но не објасни какви. 

Се менува целосно влезот во боксот, Така да влезот во бокс за мотори ќе се промени драстично. Работата е речиси завршена.

По Остин ќе одам таму да видам што е направено. Има неколку двојни тротоари, Патеката е подготвена за мотори за да не се сечат кривините. Има многу голем број на бариери кои се надградени со Текпро. Најголемата промена е влезот во боксот. 

Оваа година Катар ќе ја замени откажаната трка во Австралија. Наредната година нема да има трка поради светкото првенство во фудбал, но Катар има 10 годишен договор од 2023 година. 

Има многу големи делови за излетување, но очигледно се работи за безбедност на мотори. Кога се работи за Текпро бариери и тоа е доста различно за нас.

Мора брзо да се адаптира и тоа мора да се размисли бидејќи нема многу време. Среќни сме со останатите делови од патеката и мислам дека ќе имаме добра трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ