ФИА најави филм со Формула 1 возачите

ФИА објави краток трејлер за новиот документарен филм каде возачите ќе зборуваат за своите најрани спомени од тркањето. 

Сите возачите ќе споделат фотографии од себе од младите денови. Филмот се вика “Кога бевме млади“ и ќе се прикаже на Youtube каналот на ФИА на 21 јули во 17 часот. 

Трејлерот почнува со Валтери Ботас и најраните денови од картинг и како одлучил да биде Формула 1 возач, а подоцна проблемите на Леклер кога не верувал во себе. Следен е Пјер Гасли кој дава детали кои се важни за млад возач и дека се може да се случи. Следува Џорџ Расел кој ја држи сликата од себе како дете покрај Луис Хамилтон кој е тогаш возач на Мекларен. 

Расел вели дека е нереално што е сега колега со Хамилтон.

Во текот на наредниот викенд во Франција, ФИА ќе го објави и второ видео фокусирано на француските возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ