ФИА: Нема можност за тркање во Понеделник

ФИА потврди дека одложувањето на трката до следниот ден (Понеделник) не би било можно од повеќе причини и тие направиле најдобро што можеле во тешки околности.

Белгиското Гранд При беше одложено поради силниот дожд и конечно се возеше зад безбедносното возило. Меѓутоа, по два формациски кругови, стартот беше откажан бидејќи условите се влошија.

По долго одложување од два часа, ФИА го прекина одбројувањето од три часа, повикувајќи се на “виша сила“, со надеж дека ќе најде временски “прозорец“ што ќе овозможи акцијата да продолжи. Конечно, поминаа повеќе од три часа по закажаното време за почеток, а возачите беа пуштени уште еднаш зад безбедносното возило.

Два круга беа завршени за да се задоволат правилата за доделување на половина поени и трката уште еднаш беше прекината со црвено знаме, бидејќи условите не се подобрија. Резултатот беше објавен, а многумина се прашуваа зошто не можеше да се одложи за Понеделник со надеж за подобро време.

Директорот на трка во ФИА, Мајкл Маси инсистираше на тоа дека не постои одредба во рамките на правилата за тоа и покрај тоа што е вообичаена во некои други категории на моторспорт, како што е американски Наскар.

Не постои способност да се одложи трката за Понеделник. Очигледно од перспектива на ФИА, заедно со Формула 1, безбедноста е најважна за возачите, тимовите и сите гледачи. Ја дадовме секоја достапна можност во рамките на правилата и меѓународниот спортски кодекс, за да ни даде најдобра можност да завршиме трка.

За жал, во оваа прилика не можевме да го поминеме целото растојание што беше достапно, но со одредбите во рамките на правилата, го запревме часовникот за да видиме дали можеме во тој временски прозорец да имаме тркачка активност.

Има цела низа причини, списокот ќе биде долг, од страна на организаторите, сите овде, едноставно нема можност да се одложи за следниот ден – потврди маси.

Запрашан дали преостанувањето на трката за друг викенд подоцна во сезоната е опција, тој одговори:

Не знам дали логистички постои можност тоа да се случи.

Маси инсистираше на тоа дека намерата е да се постигнат што повеќе кругови и дека двата завршени круга не се само за да ги задоволат правилата за доделување половина поен.

Требаше да се види какви беа условите. Ние сме во постојан контакт со нашиот официјален снабдувач на временска прогноза и имаше “прозорец“ што изгледаше добро. Си рековме Во ред, ајде да се обидеме и да видиме дали можеме да го најдеме тој прозорец, Но времето повторно се влоши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ