ФИА објасни зошто Перез не бил казнет

ФИА излезе со соопштение зошто Серхио Перез го задржа своето 3то место од Француското Гранд При и покрај тоа што се чини прешироко мина во моментите кога го минуваше Валтери Ботас.

Мексиканецот го напаѓаше Мерцедес кон крајот на трката на Пол Рикар и го мина во 49от круг од истата, но низ летеќкиот Сиње возеше прешироко во ситуација во која Валтери мина како што треба.

Стјуардите го истражуваа инцидентот по крајот на трката, но одлучија дека нема никаков прекршок и дека Серхио си ја задржува освоената позиција. Стјуардите објаснија дека возачот го комплетирал претекнувањето пред да мине прешироко низ споменатата кривина, но потоа загубил време поради тоа, така што не текнал никаква предност.

стјуардите одлучија дека перез целосно го комплетирал претекнувањето над ботас пред да ја напушти патеката на 10та кривина. поради тоа ова прешироко минување не спаѓа во категоријата излегување од патеката и стекнување предност на тој начин.

стјуардите решија дека перез загубил доволно време следната кривина така што не стекнал предност и нема потреба да биде казнет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ