ФИА официјално го објaви тендерот за снабдувач со гуми од 2025

ФИА официјално го објави Тендерот за единствен снабдувач со гуми во Формула 1 тркачката серија од 2025 година.

Победникот на Тендерот ќе може да доставува свој производ во најпрестижната моторспорт тркачка серија во светот од 2025 година до 2027 година, со опција да се продолжи и следната 2028 година. Исто така, снабдувачот ќе носи гуми и во јуниорските Формула 2 и Формула 3 тркачки серии.

Италијански Пирели е единствен снабдувач со гуми од 2011 година, а актуелниот нивни договор истекува на крајот од следната тркачка сезона. За ова време, тие искористија многу различни компоненти, а најголема промена беше во пресрет на минатата сезона кога од 13-инчните тркала се прејде на 18-инчни кои ќе продолжат да се користат.

целите во тендерот се согласени во консултации со сопственикот на комерцијалните права на спортот и екипите и дизајнирани со цел да се обезбеди работен простор, да се минмизира прегревањето и деградацијата, а да се донесат варијации за разлики во стратегијата – велат од федерацијата.

Поради тоа што спорот се повеќе притиска кон одржливост, ФИА бара новиот снабдувач да изготви студија како гумите ќе влијаат врз околината и да објаснат како ќе се третираат истите по крајот на нивниот животен циклус.

останатите технички иновации ќе бараат електронска идентификација на секоја гума за поефикасна процедура за проверка.

Пред Пирели да го превземе владеењето со Формула 1, Бриџистон беа единствен снабдувач, додека на почетокот од 2000-те гоини, Мишелин беше исто така дел од Ф1 како конкурнт на Бриџистон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ