ФИА подготвена да го регулира потскокнувањето

Претседателот на ФИА, Михамед Бен Сулајем, потврди дека новите технички правила за следната сезона наменети да се отстрани потскокнувањето, наското ќе бидат официјално објавени откако претходно ќе бидат ратификувани на состанокот на Светскиот Мотор Спорт Совт.

Феноменот на потскокнување се создава како последица од земјениот ефект на кој се базира потисната сила согласно новит еаеродинамички правила од оваа сезона, а од истиот најмногу страда В13 болидот на Мерцедес. Поради тоа што ФИА сметаше дека потскокнувањето односно осцилациите се преголеми и може да предизвикаат сериозн здравствени проблеми кај возачите, реши да ги промени правилата со цел да го отстрани.

ФИА направи мерење на осцилациите на претходните трки и најави дека доколку истите отстапуваат, ќе бара од екипите да го поткренат болидот и на тој начин да загубат перформанси, но и да се намалат осцилациите. Примена на оваа метрика беше одложена за Белгија, така што првата трка од продолжетокот на сезоната ќе биде интересна.

Правилата за следната година ќе бидат променети така што краевите на подот ќе треба да бидат подигнати 15 милиметри во споредба со годинава, што е всушност компромис во однос на привчно најавените 25 милиметри што го бараше ФИА.

откако го разговаравме проблемот со потскокунвањето со 20 возачи и 10 екипи, среќен сум да потврдам дека ќе имаме промена во следните технички правила кои ќе бидат донесени на состанокот на светскиот мотор спорт совет оваа недела. ова ќе биде дополнување на мерките кои ќе се донесат оваа сезона – напиша бен сулајем на твитер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ