ФИА потврди дека се е чисто со тестот на Ферари за Пирели

ФИА направи проверки, побара инфомрации од Ферари и дојде до заклучок дека се е чисто со деловите со кои италијанците го одработеле тестот за Пирели на Имола по завршување на Гранд При трката во Емилија Ромања.

Се веруваше дека барем две екипи побарале од ФИА појаснување во врска со чудниот под со кој Карлос Саинз го одработил попладневниот тест на Имола, откако правилата јасно велат дека на таквите тестови за гуми не смее да се пробуваат нови делови. Спецификацијата која Леклер ја возел утрото не била спорна, но екипите наводно забележале чуден под попладнето.

Подот кој го возел Саинз била подобрена верзија од актуелниот и имал додаден дел под подот кој тимовите истражуваат дали може да им го намали потскокнувањето во иднина, така што се поставиле сомнежите дали Скудерија претходно го пробала тој дел.

По дијалогот помеѓу ФИА и Ферари за време на викенто во Мајами и проверките на компонентите кои биле направени, луѓето од Федерацијата биле задоволни со она што италијанците го објасниле. Официјална изјава од двете страни сеуште нема, но се шпекулира дека Ф1-75 добил променет под попладнето откако Леклер го оштетил првичниот во утринскиот дел.

ФИА добила информации дека подот кој Карлос го возел попладнето бил од постара спецификација која била возена на почетокот на годината, така што ниту едно правило не било прекршено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ