ФИА: Случаи на Корона нема да ја прекинат Ф1

ФИА е убедена дека ќе може да ги менаџира позитивните случаи на Корона вирусот кој би се појавиле во падокот кога ќе продолжи сезоната, избегнувајќи ја потребата да се откажат трки.

Австралиското Гранд При беше откажано само 2 часа пред почетокот на првиот тренинг откако вработен на Мекларен беше позитивен на тестот а КОВИД-19. Уште 9 други трки беа откажани или одложени, а плановите сега се да се создаде безбедна атмосфера откако ќе почне сезоната, почнувајќи од Австрија на почетокот на Јули.

Мислам дека ситуацијата е поинаква од Мелбурн сега, бидејќи информациите за вирусот се прилично поинакви. Можно е да се спречи и да се очекува. Ако имаме еден позитивен случај, или можеби 10, можно е да се менаџира таа ситуација со посебни насоки. Од медицинска гледна точка, не е проблем.

Од спортска и медицинска гледна точка, е поинаку. Мора да го очекуваме тоа, да знаеме кој е линијата која не смееме да ја преминеме. Но мислам дека тоа не е проблем за нас моментално – гласи изјавата од медицинскиот претставник на ФИА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ