ФИА со новини околу истрагата за Абу Даби

ФИА објасни што следно ќе превземе во врска со истрагата за финалето од Формула 1 сезоната кое се одржа на Јас Марина во Абу Даби.

Откако Федерацијата една недела по крајот на трката откри дека ќе спроведе целосна истрага за се што се случи кон крајот на трката, немаше никакви информации на што точно се работи. Сепак, ФИА излезе со детална изјава во врска со тоа што се случува и што ќе биде превземено.

Новиот претседател на Формула 1, Мохамед бен Сулајем, лично ќе разговара со екипите и возачите како дел од анализата пред да се донесе заклучокот кој треба да биде презентиран на состанокот на Светскиот Мотор Спорт Совет во Март.

по одлуката на состанокот на светскиот мотор спорт совет во парис на 15 декември лани, ракодовството на фиа на чело со мхамед бен сулајем започна детална анализа на настаните на големата награда на абу даби во формула 1.

претседателот на фиа започна консултации со формула 1 екипите на различи теми, вклучително и оваа.

на 19 јануари, состанокот на советодавниот комитет на фиа ќе се разговара за употребата на безбедносното возило, а потоа ќе следува и разговор со формула 1 возачите.

исходот на деталната анализа ќе биде презентиран пред формула 1 комисијата во февруари, а одлуките ќе бидат објавени на состанокот на светскиот мотор спорт совет на 18 март.

претседателот бен сулајем побара од секретарот и неодамна назначениот одговрен за едноседите, питер бајер, да му даде предлог за ревидирање и оптимизирање на структурата на фиа за формула 1 за претсојната сезона – се вели во соопштението од федерацијата.

Во меѓувреме, Луис Хамилтон го чека исходот од анаизата за да се изјасни дали планира да продолжи во Формула 1 и во иднина или ќе се откаже од тркачката серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ