ФИА со објаснување за долгото безбедносно возило за Ботас

Директорот за трка во ФИА, Мајкл Маси, излезе со објаснување за безбедносното возило кое се задржа на патеката дури 6 кругови по откажувањето и паркирањето крај патеката од страна на финецот од Мерцедес, Валтери Ботас.

Ботас го бркаше Шарл Леклер кога чад почна да излегува од неговиот мотор, а кусо потоа тој се паркираше крај патеката и се откажа од трката. Сепак, одговорните на трката сметаа дека одбраното место за застанување било небезбедно и поради тоа долго се возеше зад безбедносното возило пред В10 болидот да биде отстранет.

Проблемот настанал кога Валтери не можел да го стави управувачот на место по излезот од болидот, а двајцата маршали кои се најдоа на “лице-место“ не можеа да го бутнат болидот поради тоа што истиот бил поставен на надолнина. Ова значеше потреба од кран и подолго од вообичаено присуство на безбедносно возило.

валтери направи одлична работа во врска со изборот на местото каде да застане, а маршалоите се обидоа да го бутнат болидот позади оградата поради што развеавме двојно жолто знаме. се се одвиваше надвор од патеката, но болидот едноставно заглави зад една “бучка“.

поради тоа ни требаше кран кој мораше да дојде и да го помести болидот. штом кранот дојде беше јасно дека мораме да го повикаме безбедносното возило на патеката – ја објасни маси ситуацијата.

В10 болидот брзо бил отстранет од патеката, но Маси појасни дека безбедносното возило останало дури 6 кругови на патеката затоа што сите надвор од топ 5 требало да влезат во исти круг со првите, согласно правилата.

само првите пет болиди беа во исти круг. прво што беше потребно е лидер да стигне до безбедносното возило за што требаше малку подолго од вообичаено поради позиционирањето, а потоа имаше цела листа на работи кои требаше да се средат.

фокус секако дека беше расчистување на инцидентот, а потоа и како второ сценарио редење на сите останати болиди во исти круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ