ФИА со техничка директива ќе го намалува потскокнувањето

ФИА одговорила на барањата на неколку Формула 1 возачи да се реши проблемот со потскокнувањето поради загриженост во врска со безбедноста и во пресрет на Канадското Гранд При објави нова техничка директива.

Возачите се жалеа уште од петочните тренинг сесии во Баку на болки во вратот и кичмата поради силното потскокнување предизвикано од земјениот ефект  драстично засилено од нерамната патека. Се чини дека најмногу засеганти од проблемот се возачите на Мерцедес.

ФИА во својата техничка директива се осврна како на краткорочни така и на долгорочни мерки за феноменот, но нема да има влијание на тоа како екипите ги возат своите болиди во Монтреал викендов, а ФИА ќе се посвети на анализа на податоците.

по 8та трка од овогодинешниот формула 1 календар во текот на која феноменлот на аеродинамички осцилации (потскокнување) на новата генерација формула 1 боиди и физичката состојба на возачите по крајот на трката која беше видливо лоша, како раководно тело на спортот, одлучивме дека во инетрес на безбедноста, неопходно е да се вмешаме и да ги натераме екипите да направат неопходно прилагодувања аз да се намали елиминира овој феномен – се вели во соопштението на фиа.

Федерацијата стави јасно до знаење дека безбедноста е пред се, а незгодното потскокнување влијае и над онцентрацијата на воазчит со што повторно стрда безбедноста и поради сето тоа мора да има промени, но безбедносниот аспект на истите значи дека не е потребна едногласност. ФИА дополни дека одлучила да се вмеша по консултации со докторите и во интерес на возачите.

во спорт во кој возачите рутински возат над 300 кмч, концентрацијата и фокусот треба да бидат на ниво затоа што пад на истите може да значи проблем со големи последици. поради тоа, фиа е засегната од физичката благосостојба и здравјето на возачите откако голем дел од нив пријавија силни болки во грбот за време на последните настани.

ФИА потврди дека техничката регулатива е објавена за да се дадат насоки на екипите во врска со мерките кои тие планираат да ги превземат за да се реши проблемот, а тие подразбираат темелна инспекција на дизајните и подовите на екипите и начинот на кој се произведени. Потоа, дефинирање на метрички податоци врз база на вертикалното забрзување кое може да даде прифатлив лимит на потскокнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ