ФИА, Ф1 и Мерцедес го осудија расизмот насочен кон Хамилтон

ФИА, Формула 1 и Мерцедес ги осудија расистичките навреди насочени кон Луис Хамилтон по драматичната победа на вчерашното Британско Гранд При.

Британецот се судри со својот најголем ривал, Макс Верстапен, уште во првиот круг од трката по што следуваше црено знаме и прекин. Доби казна од 10 секунди, но и покрај тоа одработе фантастична втора серија на хард и победи.

По крајот на тркат тој бил предмет на расистички испади на социјалните медиуми, а навредливи коментари биле оставани на профилите на возачот на различни социјални мрежи.

во текот и по британското гранд при, луис хамилтон беше предмет на многу расистички навреди преку социјалните медиум, особено по сударот со верстапен.

формула 1, фиа и мерцедес ги осудуваат истите и сметаат дека таквото однесување е за неприфатливо. таквите луѓе немаат место во нашиот спорт и сакаме одговорните да сносат последици за тоа што го напишале.

формула 1, фиа и возачите заедно со екипите работат да изградат разноликост во спортот така што испадите од таков вид на било кој начин мора да бидат елиминирани – гласи официјалното соопштение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ