ФИА ја забрани прославата на ограда крај патеката

Формула 1 екипите ќе бидат соочени со казна доколку некој од нивниот персонал дојде на оградата крај патеката кога победникот минува на целнтата линија, а карираното знаме е развеано.

Со ова, Федерацијата става крај на долгогодишниот начин на прослава на победата кога тимскиот персонал од боксот излегува преку гаражата на оградата крај патеката на крајот од тркта, а забраната че стапи на сила од Австралиското Гранд При викендов. Одлуката следува по Саудиското Гранд При на Џеда кога персоналот на Ред Бул и Астон Мартин се качуваа ури до врвот на металната ограда која штити од било какви остатоци на уличната патека за да го прослават пласманот на топ 3 возачите. Тимскиот персонал се качувае на оградата и буквално висеше на патеката по крајот на Бахреинското Гранд При.

Новото правило кое ќе почне да се применува од Мелбурн, а веќе го најави директорот на трка, Нилс Витич, вели дека е забрането качување по оградата во било кое време и ќе биде применувано во сите моторспорт категории. Тимскиот персонал може да биде присутен на линијата пред боксот само кога треба да работат над болидот, а штом нивната работа заврши, мора да се повлечат. 

забрането е качување по оградата за заштита од остатоци во било кое време и било какво прекршување ќе биде пријавено кај стјуарите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ