ОФИЦИЈАЛНО: ФИА ја отфрли жалбата на Ферари, казната на Саинз останува

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ФИА ја отфрли жалбата на Ферари за преиспитување на казната изречена на Карлос Саинз на трката за Големата Награда на Австралија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари побара од Федерацијата за право на ревизија како одговор на казната од пет секунди на Саинз за контактот со Фернандо Алонсо за време на последниот рестарт од гридот на трката во Мелбурн. Ова дојде како дел од неколку инциденти со рестартирање за на крајот да предизвика трката да заврши зад безбедносното возило, при што редицата од болиди предизвика Саинз да падне од четвртото на 12то место во конечниот редослед како резултат на неговата казна.

Шефот на Ферари, Фред Васур, откри дека неговиот тим ќе поднесе жалба на одлуката бидејќи стјуардите ја доделиле казната на Саинз пред возачот или тимот да може да се одбрани. Но, ФИА ја отфрли петицијата на Ферари, наведувајќи дека тимот не донел значајни и релевантни нови информации кои можеби биле недостапни за страните што барале преглед во моментот на одлука.

Стјуардите открија дека Саинз е целосно виновен за судирот со возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, кој на крајот го врати третото место поради класификацијата зад безбедносно возило што одлучуваше за конечниот резултат, врз основа на претходниот редослед за рестартирање на гридот со исклучок на излетаните болиди.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По виртуелното сослушување со ФИА, беше заклучено дека дури и со оглед на зголемената веројатност за инцидент во првиот круг од рестартирањето, постоело доволна празнина за Саинз да преземе мерки за избегнување, но дека тој не успеал да го стори тоа. Ферари го претстави својот случај врз основа на податоци од телеметрија, изјава од Саинз како сведок и коментарите на другите возачи дадени во медиумските сесии за интервју по трката. Овој вид докази, во форма на вербално сведочење и дополнителни податоци, претходно ги користеше Форс Индија за да поништи слична опомена, цитира Ферари.

Примерот на Форс Индија дојде од сударот на Серхио Перез во последниот круг со Фелипе Маса на Канадското Гранд При во 2014 година, по што на мексиканецот му беше изречена казна од пет места на гридот што ја отслужи на следната трка во Австрија. Но, ФИА утврди дека фактичките околности во Австралија се сосема различни за да се потврди аргументот за Скудерија, особено што возачот на Форс Индија бил однесен во болница по судирот, па затоа не бил достапен да ја даде својата верзија за одлука по трката.

Но, овој пат, стјуардите беа подготвени да го казнат Саинз додека трката сè уште беше во тек и сметаа дека не е потребна изјава од шпанецот.

Овие побрзи одлуки се преземаат рутински и се охрабруваат кога причината за судирот е јасна, за да може казните да се изречат што е можно побрзо – гласи коментарот од стјуардите.

ФИА, исто така, одлучи дека дополнителната телеметрија презентирана од Ферари е во најдобар случај двосмислена кога станува збор за расчистување на вината на Саинз, но дека наместо тоа ја потврдила одлуката дека тој е целосно виновен. Саинз тврдеше дека закочил посилно за свиокот 1, но со поладните гуми на Пирели поради бавниот формациски круг за рестартирање тој не можел да го избегне Алонсо. Тој исто така изјави дека намалената светлина поради зајдисонцето ја нарушило видливоста.

ФИА забележа дека претставената точка на сопирање не претставува значајна нова информација и дека сите возачи морале да се задоволат со истите околности. Одлуката гласи:

Условите на патеката и гумите беа нешто што секој натпреварувач требаше да го земе предвид и да се прилагоди.

Во обидот да закочи доцна додека се тркаше со Пјер Гасли, Саинз го прифати ризикот да тој, како возач, ја изгуби контролата над својот болидот.

Во овој случај, тој ризик се оствари, како последица на судир што следеше, за што следува казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ