ФИА ја продолжи задолжителната пауза

Меѓународната автомобилистичка федерација ја продолжи задолжителната пауза во која фабриките на екипите мораат да останат “под клуч“ поради пандемијата со Ковид-19.

Откако беа откажани првите осум трки од овогодишниот календар, екипите решија инатиот месец задолжителната пауза која се случва во Август да биде преместена за Март и Април со цел да се добие време летоска за евентуален почеток на сезоната.

На состанокот помеѓу официјалните лица на спортот беше решено задолжителната пауза наместо првично предвидените три недели да биде продолжена на пет недели.

по едногласно одобрување од страна на формула 1 стратегиската група, комисијата и сите екипи, светскиот мотор спорт совет го ратификуваше гласањето и одлуката да се продолжи со паузата во фабриките од 21 ден на 35 денови во март, април и мај за сите тимови и произвоители на мотори.

Овој пат задолжителното затворање се однесува и на производителите на мотори кои претходно беа исклучени од таа пауза. Мерцедес веќе ја пренамени својата фабрика во Бриксворт за производство на направи кои им помагаат во дишењето на заразените од Ковид-19.

Одлуката да се продолжи со паузата доаѓа откако многу Влади забрануаат патување, воведуваат полициски часови и ограничуваат движење. Мекларен, Вилијамс и Рејсинг Поинт веќе го пратија својот персонал на принуден одмор, а истото го стори и Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ