ФИА ќе ги контролира залихите на резервни делови

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, откри дека ФИА се свесни оти екипите имаат можност годинава да произведат големи залихи на резервни делови во пресрет на следната сезона кога на сила стапува ограничувањето на трошењето.

Првичниот лимит е 145 милиони долари по екипа за првата година, а во иднина таа цифра ќе се намалува. Сепак, пандемијата придонесе новите правила да бидат поместени за 2022 година, но ограничувањето на трошењето останува на сила следната сезона.

Екипите ќе користат иста шасија следната година откако ФИА реши голем дел од развојот да биде замрзнат поради штедење, така што ограничувањето на трошењето може да се заобиколи со производство на голема залиха на делови кои ќе бидат користени следната година, а како трошок ќе бидат направени оваа.

во моментов има неколку дискусии кои се водат околу правење на залихи на делови за следната сезона со пари од оваа, значи без користење на ограничувањето. фиа го предвиди тоа и веќе го контролира со насоки за спречување на користење на средства од следната година за 2022 година – најави зек браун.

Американецот не е сигурен дали веќе некои екипи почнале со производство на залихи за следната година.

не сум свесен дека тоа се случува, но секако дека е можно и нема сомнеж дека некој ќе се обиде. фиа е свесна и мислам дека нема да дозволат никој да манипулира со регулативата.

Поголем проблем секако е тоа што големите три екипи, Мерцедес, Ферари и Ред Бул ќе имаат прекуброен персонал кој нема да бидат во можност да го плаќаат поради ограничените фондови.

ние во ферари, кога се преговараше за намалување на трошењето бевме јасни дека со тоа ќе имаме многу прекуброен персонал и многу луѓе ќе треба да заминат. но, имаме силна социјална одговорност кон нашите вработени и тоа не е само поради пандемијата и тешкиот период таа што губење на работата е многу погрешно.

побаравме да добиеме можност за таканаречено “soft landing“, односно некои вработени да ги префрлиме во други делови од компанијата и за тоа да добиеме шест месеци. морам да бидам искрен дека побаравме повеќе, но шест месеци беше компромис – откри матиа биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ