ФИА ќе ги преиспита правилата по хаосот со подиумот на Алонсо

ФИА потврди дека ќе ги преиспита своите правила по контроверзното сценарио што се случи во Саудиска Арабија за последното место на подиумот.

Фернандо Алонсо ја мина линијата на 3то место, но веднаш беше казнет од страна на стјуардите затоа што наводно не оtслужил правилно казна за време на трката. Беше утврдено дека Алонсо бил надвор од својата грид позиција за почетокот на трката, што резултираше со казна од пет секунди што ја отслужи при неговото единствено влегување во бокс во трката додека безбедносонто возило беше присутно на патеката.

За време на пит-стопот, механичарот од задниот дел на болидот кој управува со дигалката наводно го допрел болидот, за што стјуардите тврдеа дека ги прекршиле правилата. Како резултат на тоа, на Алонсо му беше изречена казна од 10 секунди што го симна на четвртото место, а последното место на подиумот го наследи Џорџ Расел од Мерцедес.

Но, Астон Мартин успешно ја поништи пресудата, бидејќи на стјуардите им покажа видео докази за 7 различни случаи кога болиди биле допрени од дигалката додека служеле слична казна како онаа изречена на Алонсо без да бидат казнети.

Сепак, стјуардите истакнаа дека претходно било договорено на состанокот на спортскиот советодавен комитет дека ниту еден дел од болидот не може да се допре додека се издржува казна бидејќи тоа би претставувало работа на болидот. Но, откако беа презентирани претходни примери на неизрекување казни за идентични дејства од механичарите, стјуардите немаа избор освен да го вратат резултатот на подиумот на Астон Мартин.

Екипата беше пласирана во топ 3 на првите две трки од почетокот на сезоната во 2023 година, откако направи значителен скок во текот на зимската пауза.

Инцидентот во Саудиска Арабија предизвика незадоволство поради конфузијата, а ФИА изјави дека ги разгледува своите правила пред трката за Големата Награда на Австралија за две недели.

Подоцнежната одлука на стјуардите да ја слушнат и да го дадат правото на ревизија од страна на натпреварувачот беше резултат на нови докази во врска со дефиницијата за работа на болидот, за која имаше спротивставени преседани, а тоа беше разоткриено со оваа специфична околност – рече портпаролот на ФИА.

Оваа тема затоа ќе биде разгледана на следниот спортски советодавен комитет што ќе се одржи во Четврток, 23 Март, а ќе биде објавено појаснување пред трката за Големата Награда на Австралија од страна на ФИА.

Овој отворен пристап кон прегледот и подобрувањето на неговите процеси е дел од тековната мисија на ФИА да го регулира спортот на фер и транспарентен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ