ФИА ќе го испитува предното крило на Мерцедес

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) почнува да прегледува снимни од трката за Големата награда на Франција за да ја провери легалноста на предните крила. 

Ова доаѓа по тврдењата на Кристијан Хорнер и Хелмут Марко од Ред Бул дека предното крило на Мерцедес премногу флексира. 

Мислам дека имаат доста материјал за прегледување. Им веруваме на ФИА и мислам дека треба да го прегледаат предното крило исто како задното. Тоа што го направија за задното треба да важи и за предното – задоволен од почетокот на истрагата е хорнер. 

Иако сеуште нема формална жалба, ФИА ќе побара снимки од предното крило на Мерцедес В12 за кој се верува дека има најголем поместување. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ