ФИА ќе направи нови тестови за флексибилност на крилата

ФИА ќе спроведе нови тестови за флексибилноста на задните крила пред трката за Големата награда на Франција бидејќи се појавија гласини дека некои тимови ги прекршуваат правилата. 

Минатата недела, Луис Хамилтон, беше сомничав околу дизајнот на задното крило на Ред Бул. Според него, задното крило се виткало надоле за да се зголеми крајната брзино и се враќа во нормална позиција во свиоците. 

Кристијан Хорнер е јасен дека нивното задно крило е според стандардите на ФИА и ги поминало сите тестови. 

Секако нашите болиди се подложени на доста тестови кои ги поминавме. ФИА е задоволна од болидот. 

ФИА ги извести тимовите дека можеби има некој кој ги злоупотребува правилата и поради тоа ќе направат нови тестови за дизајнот. 

Веруваме дека такви деформации имаат големо влијание на перформансите. ФИА го има правото да направи дополнителни тестови на било кој дел од болидот за кој има сомнение дека е флексибилен кога болидот се движи – открија од федерацијата.

Во новиот тест ФИА ќе се фокусира на однесувањето на крилата кога ротираат наназад. Тестот ќе вклучува ограничување од 1 степен и хоризонтална потисна сила од 750 њутни на одредена хоризонтална локација. Понатамошните тестови ќе бидат од 1.000 њутни на вертикална потисна сила и еден степен на ротација. 

Со овие тестови се очекува да се намали ефектот на тимовите да ги прекршуваат правилата. Тимовите имаат шанса да ги зацврстат задните крила на следните три трки пред ова правило да стапи на сила на 15 Јуни.  Првата трка во Франција е на 27 јуни, но можни се промени доколку се откаже трката во Турција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ