ФИА ќе тестира нов видео систем за слепите кривини во Џеда

Формула 1 ќе проба нов видео систем крај патеката со цел да го подобри предупредувањето низ летечките кривини кои се буквално на слепо на паеката во Џеда.

Во пресрет на отворањето на Гранд При тркачкиот викенд во Саудиска Арабија, ФИА потврди дека ќе тестира нова видео технологија. Ќе бидат инсталирани екрани од левата страна на 13та, 16та и 19та кривина од патеката на кои ќе се прикажува ситуацијата на патеката на излезот од соодветните свиоци.

Идејата е преку екраните возачите да добиваат претстава што ги чека од надворешната страна на кривината затоа што излезот од тие свиоци е на невидено. Сеуште нема официјална потврда околу тоа дали екраните ќ есе користат цел викенд.

Џорџ Расел како еден од директорите на ГПДА беше најгласен околу безбедноста на патеката за време од минатогодишното издание од трката и бараше подобрување на безбедносните услови за следната трка. Тој смета дека доколку новиот систем добро се покаже во Саудиска Арабија, ќе почне да се користи и на други патеки.

треба да помине тестот и да видиме какви повратни информации ќе имаме. понекогаш решенијата се добри, некогаш и не така добри. знаеме каква е видливоста на патеката и мислам дека фиа ќе треба да направи повеќе за да ни помогне.

не можам да коментирам повеќе во моментов, а чекам со нетрпение да видам каква ќе биде имплементацијата на овој нов систем на фиа кој можеме да го користиме и во баку, монако и сингапур. ако опасноста се намалува и безбедноста се зголемува, ќе бидеме среќни – посочи расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ