Физикела: Алонсо станува побрз како што старее

Џанкарло Физикела е поранешен колега на Фернандо Алонсо од Рено и смета дека шпанецот станува се побрз како што старее. 

Алонсо се врати во Формула 1 во 2021 година по двегодишна пауза и оваа сезона има одличен болид кој му донесе четири подиуми на пет трки,  нетрпеливо ја чека својата прва победа.  Тој цели на неколку победи оваа сезона и Физикела верува дека шпанецот ќе има шанса за борба за титула. 

Мислам дека со добар болид може да освои титула. Како што старее ,тој е побрз и знам дека може да го направи тоа.

Ми беше колега кога ги освои двете титули со рено и можам да кажам дека е Фантастично да се работи со него. Среќен сум што е во форма и што освои подиуми.

Оваа година има навистина добар болид и мислам дека до крај на сезоната ќе биде уште подобар. Астон Мартин е одличен тим и расте брзо. 

Алонсо верува во победа оваа сезона и смета дека може да стигне до неа на една од трките во Монако, Будимпешта или Сингапур. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ