Финансиите решени, се чека зелено светло за спринт трки

Формула 1 го реши главното прашање околу финансиите и сега се чека одобрување на спринт трките. 

Како што претходно се зборуваше, тимовите не беа задоволни со дополнителните трошоци што произлегуваат од спринт трките и бараа истите да бидат надоместени од страна на челниците на спортот. Некои тимови сакаа поголема финансиска компензација од газдите на Формула 1 за дополнителните три трки, а проблемот настана поради новото правило за лимитиран буџет. 

Тимовите бараа зголемување за еден милион што наиде на отпор од помалите екипи кои беа загрижени дека тие пари би се искористиле за дополнителни перформанси. По долгите дискусии во последните недели, се верува дека се договориле да добијат по 500,000 долари за три трки. Доколку тимот има голема штета поради некој инцидент на трката тогаш можно е дополнителна отплата. Останува да се решат уште помали детали и тоа да се парафира од тимовите. 

Спринт трките ќе се одржат во Силверстон, Монца и Интерлагос во Сабота со должина од 100 киломентри. На саботната трка ќе има помалку поени, но ќе се одлучи гридот за во недела. Кристијан Хорнер верува дека важно било да се одлучат финансиските детали за големите тимови да не претераат со лимитот. 

Во моментов се трудиме да заштедиме 10-20-30.000 фунти за да не бидеме до лимитот И сега го имаме ова што ни е дополнителен товар. Потребна ни е подршка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ